Во раните утрински часови, на улиците на Сараевскиот кантон, се одвиваа сцени како од филмска брканица.
Ј.Х.(41) запали автомобил во населбата Пејтон, а потоа избега од полицијата, но и пукаше во нив.
Jedna osoba je ranjena u pucnjavi koja se desila rano jutros, 21. februara na području općine Ilidža u Sarajevu pic.twitter.com/oDJmqA6SkI
— Nezavisne novine (@NezavisneBL) February 21, 2026
Како што изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи, К.С. – Мерсиха Новалиќ, инцидентот се случи околу 4:15 часот утрово.
„Меѓу сторителите на кривичното дело и полицајците кои во тој момент ги извршувале своите редовни работни задачи во населбата Пејтон, општина Илиџа, било употребено огнено оружје. Откако тргнале по тогаш непознатиот маж, за кого постоеле причини за сомневање дека штотуку го запалил возилото, тој не ги послушал наредбите на полицијата, а потоа почнал да пука кон полицајците. Во одбрана на нападот врз неговиот живот, полицајците возвратиле со оган и го раниле напаѓачот“ – изјави Новалиќ.
Напаѓачот е на лекување во болница и не е во животна опасност.
Дежурниот обвинител на Обвинителството на КС е известен и истрагата е во тек.
