Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на АТП турнирот во Доха, откако вечерва во полуфиналето го победи Русинот Андреј Рубљов со 7:6 (7:3), 6:4.
Натпреварот траеше два часа и три минути. Алкараз е рангиран на првото место на АТП листата, додека Рубљов е рангиран на 14-то место во светот. Ова беше шести дуел помеѓу шпанскиот и рускиот тенисер, а петти триумф за Алкараз.
Шпанскиот тенисер утре ќе игра во финалето со победникот од дуелот помеѓу Французинот Артур Фис и Чехот Јакуб Меншик, кој е закажан за подоцна вечерва.
