Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност, вели обвинителката Ленче Ристоска во реакција на изјавата на премиерот Мицкоски дека таа “апсолутни не е во игра“ во изборот за државен јавен обвинител.
– Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество, вели Рисотска.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Ленче Ристоска за Владата не е кандидат за државен јавен обвинител, иако Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за неа.
Поранешната обвинителка на СЈ води активни предмети против владејачката партија.
