Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Од:

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:31 часот, во Босна и Херцеговина.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 43,824 и географска должина 16,8984 недалеку од Ливно.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мјанмар