Премиерката на Данска, Мете Фредриксен, денес повтори дека верува оти САД не се откажаа од Гренланд, но дека Данска, чија територија е тоа, во никој случај не е подготвена да се откаже од него.
„Мислам дека желбата на американскиот претседател е иста“, рече таа во Минхен и нагласи дека Доналд Трамп е сè уште „многу сериозен“ во врска со контролата на таа територија.
На панел на Минхенската безбедносна конференција, таа истакна дека е отворена за дискусии за зајакнување на безбедносните аранжмани за Арктикот, но дека постојат очигледни ограничувања.
На прашањето дали може да се одреди цена ако Трамп продолжи да инсистира, таа одговори: „Секако дека не. Можете ли да одредите цена за дел од Шпанија, дел од САД или дел од кое било друго место во светот“.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е реална закана.
„Светот станува сè понестабилен, а ние Европејците мора да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети за да ја заштитиме нашата слобода и начин на живот, но и да им обезбедиме безбедносни гаранции на нашите меѓународни партнери“, рече тој.
Сепак, јасно спротивставувајќи им се на германскиот канцелар и францускиот претседател, тој рече дека е против нуклеарно оружје.
