Нов руски напад врз Киев, погодени неколку згради

Од:

Украинскиот главен град Киев повторно е таргет на голем руски ракетен, при се беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти.

„Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.

Кличко рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.

Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Гања. Неколку приватни домови и автомобили се оштетени, но нема непосредни извештаи за жртви.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје