САД со нов предлог: Хамас да го предаде тешкото, да го задржи лесното оружје

Од:

САД бараат Хамас да го предаде целото оружје што би можело да го загрози Израел, додека на палестинското милитантно движење првично би му било дозволено да задржи дел од лесното оружје, изјавија денес за „Њујорк тајмс“ (NYT) официјални лица и извори запознаени со предлогот.

Американскиот тим, во кој се вклучени специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер и поранешниот висок функционер на Обединетите нации, Николај Младенов, планира да го презентира документот на Хамас во наредните недели.

Израел не е подготвен да ги повлече своите сили од Газа пред Хамас и другите милитантни групи да го положат оружјето, а израелските власти ја сметаат мрежата од подземни тунели за дел од воената инфраструктура на Хамас.

Би можело да ве интересира

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат