Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Од:

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски најостро ги демантира наводите изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во телевизиско интервју емитувано на 7 февруари 2026 година, оценувајќи ги како клевети и измислици со цел нарушување на неговиот личен и професионален углед.

Бубевски соопшти дека веднаш по емисијата иницирал постапка и побарал јавно извинување од Кадриу за изнесените тврдења. Доколку извинувањето не биде доставено во законскиот рок, најави дека ќе поднесе граѓанска тужба за клевета.

Тој ги отфрли како невистинити тврдењата поврзани со неговото постапување и со работата на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), нагласувајќи дека никогаш не користел четири мобилни телефони. Посочи дека додека бил јавен обвинител во СЈО користел еден телефонски број, а по враќањето во ОЈО Скопје продолжил да користи само еден телефон. Според него, неговиот приватен број им е познат на новинарите и на многу граѓани, бидејќи се залага за транспарентност и достапност.

Бубевски истакна дека ги отфрла сите наводи за какво било влијание и дека стои зад секоја донесена одлука. Во однос на тврдењата за предавањето на прислушуваните материјали во СЈО, тој рече дека во дел од тие ситуации воопшто не бил присутен и дека за тоа постојат соодветни докази. Додаде дека за материјалите постои записник кој е дел од доказите во предметот „Таргет-Тврдина“.

Според Бубевски, Кадриу, како поранешна јавна обвинителка за чие оддалечување од СЈО и од редовното обвинителство се водени постапки за одговорност, со своите настапи се обидува да го наруши неговиот професионален интегритет и да влијае врз извршувањето на функцијата.

Тој порача дека ќе ги искористи сите законски механизми за заштита и потсети дека веќе поднел тужба и за, како што наведе, лаги изнесени од друг адвокат – поранешен обвинител. Бубевски изрази очекување дека во судска постапка ќе се утврди вистината и ќе се разобличат, како што рече, манипулациите со кои јавноста се доведува во заблуда.

Би можело да ве интересира

За ѓубрето бевте експресни, за УСЈЕ истражувате три години, Арсовска му пиша на Бубевски

Бубевски: Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиството на Вања и Панче

Горан Наумовски

Работната група од 2020 година правела нов Кривичен законик, не ги пишувала измените за поблаги казни за функционери

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Бубевски за нерасчистените убиства во Скопје, „Луна паркот“ без дозвола, разговорот со родителите на убиениот Тот

Кристијан Ландов