Руте: Русија покажува дека нема сериозни намери да постигне мир

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека Русија, и покрај дипломатските напори на САД и Украина за прекин на војната, продолжува да напаѓа украински градови, што, според него, укажува дека намерите на Кремљ за мир не се сериозни.

– Американскиот претседател Донал Трамп и неговиот тим се обидуваат да го спречат крвопролевањето. Јасно е дека Украина е подготвена да го поддржи ова со сите сили. Тука е постигнат важен напредок, но Русија напаѓа. Ова покажува дека тие не се сериозни во врска со мирот, рече Руте за време на обраќањето пред украинскиот парламент, Врховната рада, пренесува Укринформ.

Руте рече дека Русија веќе претрпе повеќе од еден милион жртви во војната што ја започна во Украина и дека и покрај подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да продолжи да ги трпи овие жртви, сите достигнувања на бојното поле се многу болни за Русите.

Би можело да ве интересира

Москва обвинува: Зеленски создава „пантеон“ на украински националисти и соработници

Нов напад врз Запорожје: Загина маж, неколкумина се повредени

Украина ја пречекува есента со недоволни резерви на гас

Пристигна руската одмазда – масакр во Харковската област

Лавров: Велика Британија е вклучена во нападите на руска територија

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија