(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Од:

Денес градското Собрание во Загреб беше евакуирано откако беше пријавена закана за бомба. Полицијата е на местото на настанот. Портпаролката на градот Загреб, Динка Живаљ, за Хина изјави дека полицијата околу 11.40 часот ги информирала дека добиле дојава дека во градското Собрание на Загреб е поставена експлозивна направа.

„Градоначалникот останува во Градското собрание. Службениците и вработените се евакуирани, а градоначалникот е придружуван од неговите заменици и непосредниот тим“, изјави портпаролката на градот Загреб, Динка Живаљ.

Заканата за бомба дојде откако полицијата влезе во просториите на партијата Можеме. Како што неофицијално дознава Индекс од местото на настанот, таму е примена и закана за бомба.

„Триесет експлозивни направи се поставени на плоштадот Стјепан Радиќ и улицата Кнез Мислав 8 во Загреб. Томашевиќ нема да го доживее утрото“, пишува во заканувачката порака.

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Во Клиника во Загреб за првпат е извршено продолжување на нога со примена на нов метод

А1он

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка кај Загреб – возеше во спротивна насока, удри во друг автомобил и заврши под камион

А1он