Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Од:

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Новиот состав го сочинуваат Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата, Абдуш Демири, потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Претседателот на ДИК, Маричиќ во името на сите членови се заблагодари за двотретинската поддршка од сите 83 пратеници кои гласале за нивниот избор. Потенцира дека оваа функција е една сериозна одговорност и доверба која што, како што рече, мораме да се оправда.

– Знаете дека во изминатиот период, последните десетина години ДИК била секогаш на ниво на задачата и фактот што досега немало проблеми со изборниот процес укажува дека веќе креираме една таква традиција, институционална меморија. Ние ќе продолжиме во тој дух, рече тој.

Маричиќ информира дека денеска од спикерот Гаши биле поканети и прифатиле да учествуваат во работната група за Изборниот законик за, како што посочи, да придонесат новиот законик да е поквалитетен.

– На дневен ред е разгледување на измени на Изборниот законик или нов Изборен законик. Ние тоа ќе го следиме со големо внимание. И во разговорот со претседателот на Собранието бевме поканети да учествуваме во работната група. Се разбира дека ќе прифатиме за да бидеме на ниво на должност и да придонесеме новиот Изборен законик да има што подобар квалитет и да има своја практична примена. Државната изборна комисија може да помогне во тој дел, нагласи Маричиќ.

Државната изборна комисија е составена од седум членови – претседател, потпретседател и пет други членови, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Северна Македонија со постојано место на живеење, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

Би можело да ве интересира

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски