Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Од:

Украина нема да прифати формални и суштински бесмислени безбедносни гаранции од западните земји, бидејќи го смета прашањето за одбрана од потенцијална агресија за неразделен дел од секој иден мировен договор, изјави амбасадорката на Украина во НАТО, Олена Хетманчук.

Во статија за британскиот Телеграф, Хетманчук нагласи дека претпазливоста на Украина кон ваквите понуди е директна последица од искуството со Минските договори, кое го опиша како трауматично искуство за украинското општество.

„Не е изненадувачки што по сето ова, Украинците станаа исклучително претпазливи кон какви било разговори за безбедносни гаранции. Тие нема да прифатат уште еден бесмислен предлог, без разлика колку вешто е спакуван како „безбедносна гаранција““, напиша Хетманчук.

Таа нагласи дека Украина, и покрај воените околности, „не бара премногу“, вклучително и членство во НАТО, иако оваа идеја ужива широка јавна поддршка. Во исто време, рече таа, во Украина нема очекување дека земјите-членки на НАТО ќе ја преземат улогата на украинските вооружени сили.

Според неа, во земјата постои јасен консензус дека украинската армија и домашната одбранбена индустрија мора да останат клучен и незаменлив елемент на секој иден систем на безбедносни гаранции.

На 23 јануари, Хетманчук изјави дека НАТО веќе е вклучен во развојот на воената компонента на безбедносните гаранции за Украина по завршувањето на конфликтот со Русија.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази став дека, по постигнувањето прекин на огнот, на територијата на Украина треба да се распореди воен контингент од европските земји како дел од механизмот за одвраќање и стабилизација.

Би можело да ве интересира

Доган: Германија одбива да испрати нови ракети „Патриот“ во Киев

Тројца Руси планирaа напад врз руската железница на барање на украинските служби

Дмитриев: Повлекувањето од Донбас е патот кон мирот за Украина

САД: Времето работи против Киев

Орбан: Во следните 100 години Унгарија нема да одобри членство на Украина во ЕУ

Орбан: Брисел го прифати секое украинско барање, но ние нема да плаќаме

Горан Наумовски