Фредериксен: Данска нема да им ја отстапи територијата на Гренланд на САД

Од:

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека земјата ќе „направи сè“ за да постигне договор со Соединетите Американски Држави во врска со Гренланд, освен за пренос на територија.

Кога германскиот јавен радиодифузер АРД ја праша дали САД би можеле да ја стекнат територијата на Гренланд, Фредериксен одговори негативно, наведувајќи дека тоа е „незамисливо“.

Таа рече дека денот кога ќе се направат компромиси за основните столбови на демократијата, сè е завршено.

Фредериксен одби да коментира за содржината на разговорите што започнаа со САД, наведувајќи дека „никогаш не се знае“ колку долго ќе траат преговорите.

„Но, паралелно со разговорите што моментално ги водиме со Американците, ние Европејците мора да разбереме дека стариот светски поредок е исчезнат.

Не верувам дека ќе се врати. Затоа, најважно е за нас Европејците да се фокусираме на вооружување“, рече Фредериксен.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано објавува дека САД сакаат да го анектираат Гренланд од „безбедносни причини“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Иран сака договор со САД, одлуката е на Вашингтон

Телеграф: Хутите се подготвуваат да го блокираат Баб ел Мандеб, Иран сака ситуација како во Хормуз

Иран: Нема да го почитуваме договорот со САД ако немаме корист од него

САД со остра порака до Иран: „Склучете договор или нема да ви остане ништо“

Иран ја ослободи Американката која беше држена во земјата од 2024 година

САД го бомбардираа градот Ахваз, ударните бранови сериозно ја оштетија Детската онколошка болница

Горан Наумовски