Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека никогаш не смееме да заборавиме дека светот каде што е важна само моќта е опасно место.

Мерц предупреди дека влегуваме во свет на „големи сили“, што претставува сериозна закана.

Според Мерц, стариот светски поредок се распаѓа со неверојатна брзина, а како пример го наведе конфликтот во Украина.

– Но, промената е многу подлабока. Кина се проби во редовите на големите сили, а глобалното водство на Соединетите Американски Држави е доведено во прашање. Влеговме во ера на политика на големи сили. Меѓународниот поредок од изминатите три децении – заснован на меѓународното право – отсекогаш бил несовршен, а денес неговите темели се разнишани, рече Мерц.

Тој додаде дека не го кажува ова лесно, наведувајќи го подемот на нацистичка Германија како пример.

„Во 20 век, мојата земја, Германија, отиде по тој пат до својот горчлив крај. Го влечеше светот во црна бездна“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп депортира речиси 13.000 мигранти во Мексико

Бајден го тужи Министерството за правда на САД

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз

Белата куќа ги негира медиумските извештаи за наводен нацрт-меморандум меѓу САД и Иран

Иран: Добивме рамковен договор за прекин на војната

ВИДЕО: Резервоар со 300.000 литри течност пукна во фабрика во САД, има мртви

Катерина Ѓуровски