Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни

Од:

Врховниот генерал на Кина, Џанг Јуксија, е обвинет за пренесување информации за кинеската програма за нуклеарно оружје на САД и примање мито, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори.

Обвиненијата изнесени во истрагата против Џанг Јуксија, потпретседател на Централната воена комисија (ЦВК) на Кина, се за наводно формирање „политички групи“ и за создавање „мрежи на влијание“ и злоупотреба на своите овластувања во самата ЦВК.

Јуксија се сомничи и дека примал мито во замена за унапредување во највисокото тело на Комунистичката партија за носење на воени одлуки. Врховниот генерал се товари и дека наводно му помагал на поранешниот кинески министер за одбрана Ли Шангфу да напредува во замена за мито.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Џанг Јуксија е под истрага поради сомневање за тешко кршење на дисциплината и законот.

Би можело да ве интересира

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Си направи голема „чистка“ во Кина

Кина ги престигна САД

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот