(ВИДЕО) Катастрофа по ударот на „Саудел“: Смртоносни свлечишта, загинати и исчезнати

Од:

Најмалку три лица загинаа во свлечиште што го погоди источниот дел на Кина, додека 10 лица и натаму се водат како исчезнати. Свлечиштето во градот Гаопинг, во округот Суичуан во кинеската провинција Џангси, го предизвикале обилните врнежи што ги донесе тајфунот Саудел, пренесува Асошиејтед прес.

Свлечиштето погодо дел од едно село во округот Суичуан, по што спасувачите итно пристигнале на местото и почнале да ги преместуваат жителите на побезбедно подрачје за да се спречи дополнителна опасност, соопштија локалните власти.

Спасувачите меѓу урнатите куќи пронашле и три безживотни тела, објави државната телевизија CCTV.

Саудел, 18-тиот тајфун што ја погодил Кина оваа година, во четвртокот по третпат стигнал до копното, овојпат во округот Џангпу, во рамките на градот Џангџоу во провинцијата Фуџијан. Поради предупредувањата за силни ветрови и обилни врнежи, беа евакуирани десетици илјади луѓе.

Тајфунот, исто така, погоди околу 128.500 жители во 53 окрузи во соседната провинција Џангси и принуди на итна евакуација речиси 8.700 луѓе во тоа подрачје.

Спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнатите, додека властите преземаат мерки за спречување на дополнителни свлечишта и други последици од невремето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: И Кина и Русија нè шпионираат, но и ние ги шпионираме нив – и тоа подобро

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он