Идетификуван скелет на македонски државјанин исчезнат во Брисел пред 22 години

Од:

Форензичарите утврдија дека скелет пронајден минатото лето во подрум во куќа во бриселската населба Форест е на македонскиот државјанин Реџеп Рахмановски, кој се води како исчезнат од 2003 година, соопшти белгиската Федерална полиција.

Скелетот беше пронајден при реновирање на куќата во јули 2025 година, по што е предаден на форензичка анализа.

По неговата анализа е утврдено дека тој му припаѓа на Рахмановски, роден во Македонија во 1976 година.

Според полициското досие, Рахмановски последен пат бил виден вечерта на 16 јули 2003 година, кога го напуштил своето работно место. Оттогаш му се губи секаква трага и сè до идентификацијата на неговиот скелет полицијата немала никави сознанија што се случило со него.

Полицијата информира дека врз основа на форензичкиот наод е издаден налог за претрес на куќата со надеж дека ќе се добијат повеќе информации за тоа што се случило со жртвата.

Белгиската полицијата воедно бара евентуални сведоци или некој што ќе може да даде какви било информации за Рахмановски или за неговото исчезнување.

Во соопштението на полицијата се нагласува дека со секоја доставена информација ќе се постапува „дискретно“.

Би можело да ве интересира

Белгија контра планот за користење на руските милијарди

Вевер: Не може да се бара невозможното од нас

Полицијата ја уапси Федерика Могерини

Горан Наумовски

Де Вевер: Користењето на замрзнатите средства на Русија може да го загрози мировниот договор

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Белгија: Премиерот цел на самоубиствен напад со беспилотно летало, осомничени се џихадисти

Горан Наумовски