Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Од:

Американскиот претседател Доналд Џ. Трамп објави дека е воспоставена рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Според тоа, тој најави одложување на воведувањето на царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп изјави дека за време на „многу продуктивен состанок“ со Руте, „е воспоставена рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.

Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини.

„Нема да воведувам царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението.

Тој додаде дека „се водат дополнителни дискусии и во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.

Како што изјави Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

Трамп објави: Венецуела е 51-ва држава на Соединетите Американски Држави

Горан Наумовски

Азаров: Трамп започна истрага против Јермак

Трамп: Не ми е потребна кинеска помош за Иран

Иран му порача на Трамп: Нема да влезеш триумфално во Пекинг

ВИДЕО: Трамп ги губи нервите, враќањето во војна е сè поверојатно, анализира CNN

Катерина Ѓуровски