„Кориере дела Сера“: Мелони се мисли дали да биде дел од Советот за мир на Трамп

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се двоуми дали да ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да учествува во работата на Комитетот за мир во Газа, објави денес италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Италијанскиот весник наведува дека Мелони првично ја поздравила поканата на Трамп да биде дел од Комитетот, но дека сега се обидува „да се извлече од таа ситуација“.

– Премиерката Мелони е заштитена со член 11 од Уставот на Република Италија, кој ѝ дозволува на Италија да биде дел од меѓународни организации што се занимаваат со мир, но само под услови на рамноправност со другите држави. Ова е спротивно на правилата на Комитетот за мир во Газа замислен од Доналд Трамп, првиот меѓу еднаквите во тоа тело замислено како еден вид приватни Обединети нации со влезница од една милијарда долари, објаснува уредничката на италијанскиот весник, Симоне Канетиери.

Би можело да ве интересира

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

ВИДЕО: „Време е да се каже отворено, Доналд е виновен за цените на горивата“

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден да не беше еден многу глупав руски генерал

(ВИДЕО) Трамп збесна на новинар: Тишина, тишина, дали си ти болен

Катерина Ѓуровски

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат