„Телеграф“: Норвешките власти им пишаа на граѓаните – ќе ви го заплениме имотот, се подготвува војна

Од:

Норвешките власти испратија илјадници писма до граѓаните предупредувајќи ги дека војската, во случај на војна со Русија, може да побара и заплени нивен приватен имот, вклучувајќи домови и возила, пишува британски „Телеграф“.

Планот вклучува запленување на возила, пловила, машини и недвижен имот.

Во понеделник беа издадени околу 13.500 таканаречени „подготвителни реквизиции“ со рок на важење од една година.

„Реквизициите имаат за цел да обезбедат во воена ситуација вооружените сили да имаат пристап до ресурсите потребни за одбрана на земјата“, се вели во соопштението на норвешката војска.

За повеќето луѓе кои ги примија писмата, тие не беа изненадување, бидејќи во две третини од случаите стануваше збор за обновени известувања за реквизиција издадени во претходните години.

Би можело да ве интересира

Русија го поддржува Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска

Трамп: Безбедноста на Гренланд е надвор од можностите на Данска

Белата куќа подготвува „опција Порторико“ за статусот на Гренланд

Зеленски: Украина и САД работат на документи за завршување на војната

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Данска: Испраќаме значителен број војници во Гренланд