Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Од:

Одлуката на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски за издавање нови 10.000 дозволи за престој и работа на странски државјани е уште еден доказ дека оваа власт свесно ја жртвува иднината на сопствениот народ во корист на профитот на крупниот капитал. Наместо политики што ќе го задржат и вратат младото и работоспособно население, ДПМНЕ гради модел на држава со празни домови и полни бизниси со евтина, увезена работна сила.

Владата на Мицкоски отворено застанува на страната на газдите прифаќајќи ја логиката дека платите треба да се притискаат надолу, а правата на работниците да се минимизираат, за да се зголеми профитот на малкумина. Со тоа, трудот на македонскиот работник се девалвира, а државата се претвора во сервис на стопанските елити, предводени од луѓе како Бранко Азески, кои одамна ја диктираат економската политика, без изборен легитимитет, но со огромна моќ.

Ова е отворено признание дека Владата не планира да ја крене вредноста на трудот, туку да ја собори. Кога македонски работници масовно си заминуваат поради понижувачко ниски плати, ДПМНЕ не гледа проблем во платите, туку во тоа што нема доволно ʼрезервна армијаʼ за експлоатација.

Увозот на работници е и геополитичка операција. Со истата логика, ќе се отвораат вратите за масовен прилив на мигранти од Британија, за што веќе најавија тамошните медиуми.

Додека македонските граѓани заминуваат во странство да работат како луѓе од втор ред, Владата на ДПМНЕ се подготвува Македонија да ја претвори во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

А1он