Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Од:

Првороденото дете во Општина Берово во 2026 година е девојче, родено на 5 јануари, а воедно и прво дете во семејството на Елена и Владимир Кирјански.

По тој повод, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински денес упати искрени честитки до родителите, со желби за здравје, радост и среќно детство на новороденчето.

Согласно Одлуката на Општина Берово за поддршка на семејствата со новороденчиња, од Буџетот на општината ќе бидат исплатени 15.000 денари за првородено дете, како и дополнителни 7.000 денари еднократна парична помош за новородено дете, односно вкупна финансиска поддршка од 22.000 денари.

Од Општината посочуваат дека оваа мерка е дел од континуираните активности за поддршка на младите семејства и за поттикнување на наталитетот во општината.

-Активно се грижиме и ги поддржуваме младите семејства, со цел создавање подобри услови за раст и развој на најмладите жители на нашата општина, се наведува во соопштението од градоначалникот.

Би можело да ве интересира

Миха е првото бебе родено во Кочани во новата 2026 година

А1он

Млада мајка од Белград е обвинета за обид за убиство на своето бебе

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

Одреден и е притвор на мајката која го остави своето бебе до контејнер во Земун