Апасиев: Договорено новиот Изборен законик да се донесе до крајот на јуни

Од:

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по завршувањето на лидерската средба оцени дека станува збор за прв навистина конструктивен состанок од ваков тип. Како клучна политичка тема на разговорите тој го издвои Изборниот законик, за кој, како што рече, начелно е постигнат договор да биде донесен до крајот на јуни.

Апасиев најави дека разговорите ќе продолжат на ниво на координатори на пратеничките групи во Собранието, како и со вклучување на дел од министрите од Владата, со цел да се усогласат деталите околу изборните измени.

Тој информираше и дека Левица на средбата предложила обесштетување на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, но за таа иницијатива, засега, не добиле поддршка. Според Апасиев, дел од аргументите биле дека станува збор за приватен објект, за разлика од случајот со модуларната болница во Тетово, додека други објаснувања се однесувале на постоење на доволно проекти за самиот град.

„Сметаме дека тоа сè уште не е доволно и ќе инсистираме понатаму, но темата е сензитивна и не инсистиравме премногу, бидејќи средбата помина во конструктивна атмосфера, што за мене беше изненадување“, изјави Апасиев.

Тој додаде дека ваквиот пристап дава надеж за поефикасен политички дијалог и решавање на клучните прашања во наредниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола