Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба во Клубот на пратениците, изјави вечерва портпаролката на партијата Арта Биљали Зендели по состанокот на Генералниот совет на ДУИ во Мала Речица.

Одлуката за присуство на Ахмети на лидерската средба била донесена едногласно од членовите на Генералниот совет.

Биљали Зендели не прецизира кои ќе бидат барањата на ДУИ на утрешната средба на лидерите на парламентарните политички партии, посочувајќи оти „тоа е ексклузивно право на Ахмети“.

Лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се одржи утре во Клубот на пратениците во Скопје, а на неа, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Од опозициските партии потврда дека ќе учествуваат има и од Левица, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот за лидерска за укинување на техничката влада обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“.

Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Лидерската средба ја поздравија и Либерално-демократската партија и ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“