Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Од:

Додека градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски самоуверено порачува дека „снегот не може да го изненади“, официјалното соопштение на Градот Скопје и ЈСП најавува кратење линии и редуцирање на јавниот превоз. Оваа очигледна контрадикторност ја оголува вистината дека институциите не се подготвени, туку однапред ја релативизираат сопствената неорганизираност и нефункционалност, велат од Левица.

„Во услови на ниски температури и можни снежни врнежи, одговорна власт не редуцира, туку напротив – го зајакнува јавниот превоз. Зачестени линии, сигурни интервали и функционални возила се предуслов граѓаните да не бидат турнати на „тенок лед“, принудени да користат автомобили, да се заглавуваат во сообраќајни метежи и да ја ризикуваат сопствената безбедност поради недостапен или нерегуларен јавен транспорт.

Со соопштението на Град Скопје, практично се признава дека системот не е во состојба да функционира во елементарни зимски услови и дека наместо организација и засилување на превозот, се избира редукција и правдање со временските прилики. Тоа е директен доказ за управувачка неспособност и за целосна отуѓеност од реалните потреби на граѓаните.

Особено е цинично што Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ глумат кризен менаџмент и стабилност, додека токму нивната партија, заедно со Мицкоски, со години го разнебитува јавниот превоз: преку блокади на набавки, партиски поставувања во ЈСП и политичка незаинтересираност за секојдневниот пекол на патниците за што сведочи и сѐ уште нераспишаниот нов тендер за набавка на нови автобуси.

Со други зборови, „подготвеноста“ на Орце, ДПМНЕ и Мицкоски не значи подготвен систем, туку подготвена пропаганда. Подготвени се да се мачкаат очи и наоѓаат алиби за неспособноста и неодговорноста. Подготвени се за статуси и камери, но не и за реална организација. А цената за таа нивна неспособност повторно ја плаќаат граѓаните – смрзнати по постојки, заглавени во сообраќај и оставени без функционален јавен превоз, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност