Камениот мост блесна – гордоста на Скопје повторно во полн сјај

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер (Турција) – Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.

На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка – Фатих Шахбаз и почесниот конзул – Ајдован Адемоски.

default

– Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска. Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме. Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас – изјави Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

ВИДЕО: Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и им порача на скопјани да не паѓаат на дезинформации

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Горан Наумовски