(ВИДЕО) Хаос во Италија: Рим под вода, затворени патишта, вклучени аларми

Од:

Италија е погодена од невреме во изминатите два дена, а временските предупредувања се издадени за вкупно девет региони поради поплави и снег, додека спасувачките служби имаа бројни интервенции, особено во главниот град Рим, каде што се излеа реката Аниене.

Пожарникарите во тој град спасија две девојчиња од поплавен подрум, објави ТВ Раи.

Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, денес забрани пристап до јавни паркови, а забранети беа и рекреативни активности.

Во Лацио, портокаловата тревога веќе беше активирана во понеделник попладне, а реката Аниене се излеа во неколку римски области.

Одделот за цивилна заштита издаде портокалово предупредување за делови од Молизе, Лацио и Рим, како и жолта метеоролошка тревога за осум други региони.

Многу патишта се затворени, вклучително и делови од автопатот А1, каде што беа создадени сообраќајни метежи, а беа распоредени 400 возила за чистење снег.

Во меѓувреме, Јужен Тирол вчера ја забележа најстудената ноќ оваа зима, со температури што паднаа на минус 20 степени Целзиусови.

Метеоролозите најавија нагло опаѓање на температурата во речиси сите региони, со нови врнежи од дожд во централна и јужна Италија, особено во регионите на Тиренското Море, а снег дури и на ридовите во централна Италија.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Порака од Москва за Америка: „Не си играјте игри со Русија“

Италијанската полиција го фатила Хрватот што уби кондуктер, па го пуштила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голема потера во Италија: Хрват уби кондуктер со нож и избега со воз

Предраг Петровиќ