ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Од:

Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во неколку општини во Косово, на некои места нема струја ниту вода за пиење, а многу семејства се евакуирани.

Поплавени се неколку улици во Приштина, а сообраќајот е отежнат.

Во Малишево, поради дождот што паѓа веќе 24 часа, улиците се поплавени во некои делови од градот, а општинските власти апелираа до граѓаните да не се движат непотребно.

Многу патишта се блокирани од вода поради надојдените реки и потоци, што го отежнува сообраќајот.

Евакуирани се 20 семејства во општина Глоговац.

Поради обилни врнежи од дожд и опасност за трафостаницата во Глоговац, електричната енергија во Глоговац, Малишево и Ораховац е исклучена.

Во некои делови од Ѓаковица, нивото на водата стигна до прозорците на куќите, а водата навлезе и во некои куќи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Камион удри во далновод и се запали: Неофицијално, возачот е од Македонија

Предраг Петровиќ

Косово на прагот на нови предвремени избори

Додик: Нашата борба за слобода ќе заврши кога ќе се обединиме со Србија

Конаковиќ жестоко ја критикуваше Србија: Криете криминалци, Вучиќ го пречекува осудениот Додик и ѝ се заканува со војската

Земјотрес во Србија

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите