Стармер беше запрашан дали го осудува американскиот напад врз Венецуела: Треба да се утврдат фактите

Од:

Велика Британија „во никој случај“ не беше вклучена во нападот на Соединетите Американски Држави врз Венецуела, изјави британскиот премиер Кир Стармер, пренесува Би-Би-Си.

Стармер рече дека сè уште не разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас, главниот град на јужноамериканската земја.

Кога новинар го праша дали ја осудува акцијата на САД како што направија неколку британски политичари, Стармер одговори дека прво сака да „ги утврди фактите“ и да разговара со Трамп за „брзо менувачкатата ситуација“. „Можам да бидам апсолутно јасен дека не бевме вклучени… и секогаш велам и верувам дека сите треба да го почитуваме меѓународното право“, рече премиерот во изјава за британските медиуми.

Премиерот, исто така, рече дека работи со британската амбасада во Венецуела за да се осигура дека околу 500 британски граѓани во земјата се „добро згрижени, заштитени и добиваат соодветни совети“. Трамп изјави дека левичарскиот претседател на Венецуела и неговата сопруга биле изнесени со авион од земјата како дел од воена операција спроведена во соработка со американската полиција.

Елитните членови на единицата Делта Форс учествувале во нивното апсење, според американската телевизиска станица Си-Би-Ес њуз. Мадуро ќе биде обвинет во Њујорк за обвиненија за дрога и оружје, според американските претставници. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека не очекува дополнителни дејствија против Венецуела.

Би можело да ве интересира

Паника во Кремљ: Путин планира да употреби нуклеарно оружје?

„Комарци пристигнале со авион и предизвикале маларија на аеродромот во Франкфурт: Еден работник почина“

Предраг Петровиќ

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД

Мистерија во Москва по тајната посета на шефот на ЦИА: По заминувањето на Ретклиф симнати американските знамиња од амбасадата

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Непал: Над 160 загинати, стотици исчезнати

Предраг Петровиќ