Казни за матичните гинеколози кои наплаќале ЕХО, ПАП и други услуги што ги покрива Фондот

Од:

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршиле заеднички контроли кај приватни здравствени установи – матични гинеколози, при што утврдиле неправилности кај 23 од вкупно 49 контролирани установи.

Од ФЗО соопштија дека кај 26 установи не биле констатирани никакви прекршувања. Кај три установи неправилности биле утврдени исклучиво од ФЗО, кај 11 само од УЈП, додека кај девет – од двете институции.

Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, информираше дека Фондот има склучено договори со 149 приватни здравствени установи за примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија, а контролите опфатиле 33 отсто од нив. Заеднички контроли меѓу ФЗО и УЈП последен пат биле спроведени во 2012 година, а актуелните проверки биле поттикнати од зголемен број претставки од осигуреници.

„Контролите се фокусирани на почитување на договорната обврска според која прегледи, ехо, колпоскопија, ПАП-тест и други медицински оправдани услуги не смеат да се наплатуваат“, изјави Клековски.

Од ФЗО биле утврдени неправилности кај 12 установи, најчесто поради наплата на дополнителни средства од осигурени лица и неуредна медицинска евиденција. УЈП, пак, констатирала прекршувања поврзани со фискализацијата кај 20 приватни гинеколози, за што биле изречени глоби.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, изјави дека кај 16 од 46 контролирани установи биле утврдени неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет. Таа нагласи дека иако здравствените услуги се ослободени од ДДВ, неевидентирањето на прометот има сериозни последици и придонесува за сивата економија.

„УЈП нема да толерира вакви практики. Ќе продолжиме со засилени контроли сè додека не се постигне целосно усогласување и законско работење“, порача Петрова.

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Приватните гинеколози се соочува со сериозни проблеми поради недефинирани стандарди и нејасни договорни обврски

Горан Наумовски

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски