Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Од:

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ја информира јавноста дека наводите објавени во дел од медиумите, според кои Буџетот на Град Скопје за 2026 година бил усвоен едногласно, не се точни.

– Советничката група на Левица не го поддржа и не го гласаше предложениот Буџет за 2026 година, поради сериозни концепциски, програмски и суштински недостатоци.

Буџетот:
не нуди суштински одговор на клучните проблеми на градот
не содржи системски мерки за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните
oтстапува дури и од предизборната програма на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со што се потврдува континуитетот на политики без јасна визија и одговорност

Поради сето наведено, Левица принципиелно одби да даде поддршка на буџет кој не претставува развоен документ, туку продолжение на постојните слабости во управувањето со Град Скопје.

Ги повикуваме медиумите да информираат точно и одговорно, а јавноста да биде свесна дека постои јасна и аргументирана опозиција на ваквиот начин на буџетирање. Буџетот на Град Скопје за 2026 година не е усвоен едногласно. За Буџетот гласаа советниците на ДПМНЕ, ЗНАМ, Вреди, ДУИ и Ристо Пенов, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!