Со брза размена на информации преку SELEC Центарот, спречен е нелегален транспорт на оружје од Турција преку Бугарија за Македонија.
– Во текот на ноќта по преземени мерки и активности во координација со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија на Граничниот премин „Капитан Андреево” извршен е претрес на товарно возило „Волво“ со македонски национални ознаки, при што во товарниот простор се пронајдени и одземени три пушки, 20 пиштоли и 5750 куршуми. По целосно документирање на случајот и утврдување на сите инволвирани лица во случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, извести МВР.
