Ликвидација на сред улица во Барселона – сомнежите се дека загина член на црногорски клан

Од:

Едно лице е убиено денес околу 16 часот во пукотница што се случи во Барселона, во делот на градот Кастелдефел.

Според неофицијални информации, локалната полиција се сомнева дека станува збор за продолжение на сузбивањето на балканските криминални групи, а црногорската полиција проверува дали станува збор за државјанин на Црна Гора.

Како што пишува каталонскиот весник Ел Касо, сведоци им кажаа на полицајците дека непознат напаѓач ја застрела жртвата во грб, на сред улица, и дека се слушнаа три истрели.

Се сомневаат дека станува збор за маж од Источна Европа, кој најверојатно има врски со трговија со дрога.

Истрагата е во тек, а полицијата интензивно го бара напаѓачот кој избега по пукотницата.

Би можело да ве интересира

Барселона постигна гол додека противничкиот играч лежеше неподвижен осум секунди откако беше погоден во главата

(АУДИО) „Заев ќе биде изрешетан ко куче, ќе лежам доживотно“, снимка на „Јутуб“ на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација

Ландов

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

ВИДЕО: Поради операција на поротничката, одложено повтореното судење на „Ликвидација“

Васко Маглешов

По 5 години Врховниот суд ги укина пресудите за „Ликвидација“

Васко Маглешов