(ВИДЕО) Паника во метрото во Барселона: Патниците бегаат низ тунелот, чад ги исполни вагоните и станиците, 137 лица се повредени

Од:

Во голем пожар во метрото во Барселона повреди се 137 лица. Густ чад го зафати просторот помеѓу станиците Глориес и Клот, предизвикувајќи паника кај патниците.

Според Службата за итна медицинска помош, повеќето од повредените имаат полесни повреди, додека шест лица се лекуваат од посериозни состојби предизвикани од вдишување чад и вознемиреност. Дури 39 повредени лица се однесени во болници, а 24 амбулантни возила пристигнале на местото на несреќата.

Инцидентот се случил кога воз се заглавил во тунел. Патниците ги отвориле вратите на сила и се евакуирале низ тунелот, каде што им помогнале службите за итни случаи.

Директорот на Транспорт Метрополитанс де Барселона, Ксавиер Флорес, потврди дека причина за пожарот е уривање на облогата. Ова е втор сериозен инцидент во метрото за помалку од една недела, по експлозијата минатата недела предизвикана од истекување на гас, во која беа повредени осум лица.

Би можело да ве интересира

Фуксе Берлин и Барселона во финалето на ракометната ЛШ

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика за автомобили – црн облак го покри небото над Барселона

А1он

Маж (25) во Германија повлече девојка (18) под воз што доаѓаше од спротивната насока, двајцата се мртви

Малолетник почина од струен удар – се обиде да ја земе електронската цигара која му падна на шините во метро

А1он

Ликвидација на сред улица во Барселона – сомнежите се дека загина член на црногорски клан

А1он

Барселона постигна гол додека противничкиот играч лежеше неподвижен осум секунди откако беше погоден во главата