Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Од:

Собранието попладнево ја продолжи 76. седница и ги донесе законите за изменување на Законот за буџети, Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје и закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје и измените и дополнувањата на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.

Седницата продолжи со дебата по Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Координаторот на пратеничката група Никола Мицевски пред пратениците ја образложи Резолуцијата.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година

Левица: ​​​​​​​Утре ДПМНЕ ќе го гласа ребалансот со кој секој десетти денар е позајмен, а амандманите на Левица насочени кон јавниот интерес – одбиени

Предраг Петровиќ

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он