ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ денеска поднесе официјална пријава до антикорупскицската комисија во врска со случајот „Сити Аутсорсинг“, соопшти Петар Огњеновиќ.

Според СДСМ, станува збор за фирма која, како што наведуваат, има добиено вкупно 161 тендер во вредност од околу 9 милиони евра, а само во текот на оваа година остварила приходи од речиси половина милион евра. Од партијата тврдат дека постојат семејни врски меѓу сопственичката структура на фирмата и Ивица Томовски, актуелен директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

Иако ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, од СДСМ порачуваат дека нема да дозволат, како што велат, тој да заврши без темелна истрага.

„Со пријавата бараме ДКСК детално да ги испита и донациите кои Ивица Томовски ги давал на ВМРО-ДПМНЕ, а кои во неколку наврати надминуваат вкупна сума од 800.000 денари“, истакна Огњеновиќ.

Од СДСМ поставуваат повеќе прашања до надлежните институции: какво е потеклото на средствата со кои Томовски ги вршел донациите, дали тие се поврзани со фирмата „Сити Аутсорсинг“ и како, според нив, е возможно ваква сума да биде донирана исклучиво од плата, имајќи предвид дека Томовски јавно негира поврзаност со каков било приватен бизнис.

Партијата апелира ДКСК да спроведе целосна и транспарентна истрага и да даде јасни одговори на овие прашања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство