СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

Од:

Колаборација (лат. collaborāre) значи соработка, односно заедничка работа помеѓу поединци или групи за постигнување на некаква цел. За време на Втората светска војна, овој термин стана симбол за соработниците на владите со окупаторите од нацистичка Германија. Тип на соработка: политичка. Тоа го гледаме и денеска, велат од СДСМ.

-Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ. Сега, преку ЗНАМ, ја предава и Македонија. За што? За пари, бизниси и моќ. ЗНАМ-ДПМНЕ заедно се во криминалот и заедно ја продаваат Македонија. За пари. Затоа и договорот за мигранти е поради пари. Како што велат денеска колаборантите од ЗНАМ: „Официјален демант дадоа сите релевантни институции во државата, на чело со премиерот“. Аха, значи ЗНАМ нема свој став – како што кажал премиерот, така.

Колку провидно. Нема посилна потврда дека ЗНАМ-ДПМНЕ се заедно во дилот за мигранти и дека се договорени да сценираат судир за одвлекување на вниманието на граѓаните од темата мигранти. Едно нешто заборавиле колаборантите од ЗНАМ- ДПМНЕ. Прочитани сте, разоткриени сте, ви го знаеме секој чекор однапред. Народот не сака мигранти за пари и е подготвен да продолжи да се бори за Македонија. Ќе одговарате заедно, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло