А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Свет

Црното предупредување на Макрон: Европската индустрија е во борба „за живот или смрт“

by А1он08/12/2025 - 14:29381
Share0

Европската индустрија е во борба за „живот или смрт“, изјави францускиот претседател Емануел Макрон, оценувајќи дека континентот е притиснат помеѓу конкурентна Кина и протекционистички САД, и дека затоа Пекинг треба да помогне со поголеми инвестиции во Европа.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Кинезите мора да го направат во Европа она што Европејците го направија пред 25 години инвестирајќи во Кина – рече Макрон во интервју за францускиот весник „Еко“ по враќањето од неговата четврта официјална посета на Пекинг.

Трговскиот дефицит на ЕУ со Кина изнесува 306 милијарди евра во 2024 година, со европски извоз од 213 милијарди и увоз од 519 милијарди евра, објавува бриселскиот „Политико“.

– Се обидувам да ѝ објаснам на кинеската страна дека нивниот вишок е неодржлив и дека на овој начин „ги убиваат сопствените клиенти“, првенствено затоа што веќе не увезуваат речиси ништо од нас – рече Макрон.

Следете a1on на Youtube YouTube

Слична нерамнотежа, според „Политико“, постои и кај инвестициите – европските акумулирани инвестиции во Кина изнесуваа 232 милијарди евра, додека кинеските инвестиции во Европа достигнаа 65 милијарди, според податоците за 2023 година.

– Свесни сме дека тие се исклучително напредни во одредени области, но не можеме постојано да увезуваме. Кинеските компании треба да дојдат во Европа, како што EDF и Airbus одеа во Кина, и да создаваат вредност и можности за Европа, рече францускиот претседател.

Сепак, тој додаде дека ваквите инвестиции „не смеат да бидат предаторски, насочени кон хегемонија и создавање зависност“.

Макрон предупреди дека ако трендовите не се променат, Европа би можела да биде принудена да воведе царини за кинескиот увоз, слични на мерките што ги воведоа САД.

Тој, исто така, го обвини Пекинг дека „удри во сржта на европскиот модел на иновации и индустрија“.

Сепак, наместо понатамошна ескалација, Макрон предлага „примирје“ во економските односи, или „заемно укинување на агресивните политики, како што се ограничувањата за извоз на европски машини за производство на полупроводници и кинеските ограничувања за извоз на ретки метали“.

euindustrijakinamakron

Би можело да ве интересира

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски27/05/2026 - 20:5427/05/2026 - 20:55

Радев: ЕУ не преговараше со Русија на време, сега мора да ја преиспита својата стратегија

Горан Наумовски27/05/2026 - 17:07

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 11:33

Експлозија во кинески рудник за јаглен: Најмалку 82 лица загинаа, има уште луѓе под урнатините

Предраг Петровиќ23/05/2026 - 09:15

Песков: Си го информираше Путин за резултатите од посетата на Трамп на Кина

Горан Наумовски21/05/2026 - 18:43

„Блумберг“: Си го надмудри Вашингтон и го зацврсти сојузот со Москва

Горан Наумовски21/05/2026 - 17:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто