Трамп најавува напад: Американски авиони патролираат во воздушниот простор во близина на Венецуела

Од:

Американските воени авиони речиси постојано патролираат во меѓународниот воздушен простор во близина на Венецуела, изјави денес неименуван американски функционер за „Вашингтон пост“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денес изјави дека воздушниот простор на Венецуела е „целосно затворен“ откако вети дека американските копнени напади ќе започнат „многу наскоро“, објави „Сан“.

Трамп во четврток вети дека ќе ги засили воените акции против наводните трговци со дрога, велејќи дека американската војска ќе започне копнени операции во Венецуела „многу наскоро“.

„Веројатно сте забележале дека луѓето повеќе не сакаат да транспортираат (дрога) по море, па затоа ќе почнеме да ги запираме по копно. Копнениот пат е полесен и тоа ќе започне многу наскоро“, рече Трамп.

Трамп претходно го обвини венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека води криминална империја вградена во државниот апарат, која ги корумпирала војската, разузнавачките служби, судовите и парламентот, обвинение што Мадуро го негираше

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп објави голем нафтен договор со Венецуела

Премиерот на Канада генијално му одговори на Трамп

ВИДЕО: Откриена вистинската причина за посетата на директорот на ЦИА на Москва

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Трамп конечно проговори за посетата на Ретклиф во Москва

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна