ВИДЕО: „ВЕТО“, „Не бев јас на ливчето“ – рекации на Трамп по големиот пораз

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по тешкиот изборен пораз на републиканците на изборите за Конгресот, на кои демократите освоија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот.

Додека пристигнуваа резултатите за поразите на републиканските кандидати, Трамп на својата социјална мрежа Truth Social порача дека исходот ќе бил поинаков доколку и неговото име се наоѓало на гласачкото ливче.

„Не бев на гласачкото ливче, а да бев, убедливо ќе победевме! Ви благодарам за вниманието што го посветивте на ова прашање“, напиша Трамп.

За време на предизборната кампања тој повеќепати ги повикуваше гласачите да се преправаат дека и неговото име е на гласачкото ливче, а повремено говореше и дека на некој начин и самиот е кандидат на изборите.

Во друга објава, Трамп најави дека ќе ги анализира причините за изборните порази на републиканските кандидати.

„Ќе станам политички коментатор, и добар и лош, за причините зошто овие кандидати победија и загубија!“, напиша американскиот претседател.

Тој објави и фотографија од црвена капа со натпис „ВЕТО“, со што испрати порака дека планира да го користи претседателското право на вето за законите што ќе ги усвојува новото демократско мнозинство во Конгресот.

Изборниот пораз значи дека Трамп во преостанатите две години од мандатот ќе се соочи со Конгрес под контрола на демократите. Тие ќе ги преземат клучните конгресни комисии, ќе можат да отвораат истраги за работата на администрацијата и да го блокираат законодавниот план на Белата куќа.

Меѓу причините за незадоволството на гласачите се наведуваат растот на трошоците за живот, нарушувањето на демократските стандарди и непопуларната војна со Иран.

Со губењето на мнозинството во двата дома, на Трамп му остануваат извршните наредби и претседателското вето како главни инструменти за спроведување на неговата политика, што најавува тешка политичка пресметка меѓу Белата куќа и Конгресот.

Би можело да ве интересира

Победата на демократите ги потресе глобалните берзи

ВИДЕО: Големи прослави низ САД за победата на Демократите

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Дебакл на Трамп, „синиот бран“ ги однесе и Сенатот и Конгресот

Катерина Ѓуровски

Зеленски со директна порака до Трамп: „Притиснете го Путин, а не мене“

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија