„Киев пост“: САД привремено го суспендираа разгледувањето на голем „пакет“ санкции против Русија

Од:

Соединетите Американски Држави привремено го суспендираа разгледувањето на голем двопартиски пакет санкции против Русија, бидејќи се очекува специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, да ја посети Москва, објави „Киев пост“.

Според „Киев пост“, законот е повлечен од агендата на Сенатот сè додека главниот преговарач на Трамп не отпатува во Москва следната недела, што во Вашингтон беше протолкувано како сигнал дека Белата куќа во моментов им дава приоритет на дипломатските канали со Русија.

Одлуката за одложување дојде кратко откако рускиот претседател Владимир Путин изрази изненадување од најновиот пакет американски санкции насочени кон две руски нафтени компании на прес-конференција во Бишкек.

Путин потсети дека за време на неодамнешниот руско-американски самит во Алјаска, двете страни постигнале „разбирање“ за тоа што треба да се направи за да се започне решавање на конфликтот во Украина и дека новите потези на Вашингтон изгледале спротивни на она што било договорено.

„И одеднаш Соединетите Американски Држави објавуваат санкции против две наши нафтени компании. Која е причината за ова? Ќе ви кажам искрено, дури и не разбирам што се случува“, рече Путин.

Рускиот претседател неодамна назначи официјална преговарачка делегација за украинското прашање, што Москва го толкува како сигнал дека процесот на дијалог може да се обнови доколку Вашингтон покаже подготвеност да дејствува во согласност со договорената рамка.

Би можело да ве интересира

Русија издаде меѓународна потерница по основачот на Телеграм

Путин: Руската економија е четврта во светот, прва во Европа

Горан Наумовски

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво

Трамп: Разговорите со Иран се добри, постои шанса за договор

Московскиот регион нападнат од рој дронови

Песков: По распадот на СССР, Западот сакаше да ја сведе Русија на Кнежевство Москва