Мосад: Хамас планираше напади во Европа

Од:

Израелската разузнавачка агенција Мосад денес соопшти дека oсуетените терористички заговори на Хамас во Европа биле координирани од Катар, а можеби и од Турција.

Според Мосад, оружјето запленето во Виена му припаѓа на оперативецот на Хамас, Мухамед Наим, син на политичкиот лидер на Хамас, Басем Наим, објавува „Тајмс оф Израел“.

Израелската страна вели дека времето на состанокот укажува на можно одобрување на операцијата од врвот, иако Хамас негира вмешаност.

По апсењата во Германија и Велика Британија, европските агенции запленија автоматско оружје, пиштоли и муниција, за кои постои сомневање дека се наменети за напади врз еврејски цели.

Австриската безбедносна служба DSN пронајде дел од арсеналот во Виена.

Истрагата, исто така, ја испитува улогата на членовите на Хамас кои живеат во Турција.

Израел вели дека Хамас сè повеќе гради мрежа во Европа од нападот на 7 октомври 2023 година.

Хамас негира каква било поврзаност со уапсените осомничени и тврди дека неговите активности се насочени исклучиво кон „спротивставување на израелската окупација на Палестина“.

Би можело да ве интересира

Русија е подготвена да потврди дека нема намера да ја нападне Европа

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите

Една четвртина од Европејците не ги плаќаат сметките на време, младите се најтешко погодени

Политико: Зеленски се соочува со тежок избор – Планот на Трамп или нестабилни Европејци

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел го прекрши примирјето, 28 Палестинци беа убиени, меѓу нив и деца

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху: Хамас ќе биде разоружан на полесен или потежок начин