Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Од:

Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе. Она што е интересно е дека Стоилев е близок пријател на Игор Миќев викан Панкерот кој пак е во кумска односно кумашинска врска со премиерот Христијан Мицкоски, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Од информациите кои ги добиваме од свиркачи, вработени во Министерството за земјоделие, токму Панкерот, кумот на Христијан Мицкоски, се однесувал деспотски во министерството вршејќи притисоци врз вработените за распределба на средства за субвенции и концесии. Од она што е доставено до нас од овие свиркачи токму кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми и притисоци во министерството. Затоа, според истите информации и тој требало да биде опфатен со истргата. За ситуацијата да биде уште посериозна, кумата на Мицкоски и сопруга на Панкерот е вработена во Агенцијата за финансиска поддршка од каде според информациите кои се доставени до нас, без нејзино одобрение не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД програмите, рече Кузеска.

Кузеска вели премиерот Мицкоски директно треба да одгвори.

– Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви? Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ? СДСМ објавуваше изминатата година дека во во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина. Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата? Понатаму, дали и колку пари од субвенции се испрани или е побарано мито за да бидат исплатени? Дали кумот на Мицкоски бил човекот кој вршел рекет врз земјоделците преку негови луѓе во Агенцијјата за финансиска поддршка, праша портапролката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски