Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Од:

РС Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција, соопшти Министерството за финансии.

Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања.

РС Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

Би можело да ве интересира

Во текот на следната недела се очекува силна промена на цените на нафтата во светот

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците

БРАКО донираше 330 топли оброци за лица во социјален ризик

Кина ги престигна САД

Постапка против менаџер осомничен за затајување 2,8 милиона денари