Повозрасен маж од селото Рилево во општина Долнени, е тешко повреден откако бил нападнат од мечка додека собирал печурки во атарот на селото. Настанот се случил вчера претпладне, околу 10 часот.
По нападот, човекот бил забележан од група ловџии.
Повредениот прво бил пренесен во прилепската болница, а поради сериозноста на повредите потоа бил транспортиран на Скопските клиники.
