Незапаметен напад од мечка на жител од долненското село Секирци

Од:

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка при берба на печурки. Милески вчера околу 13 часот со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за десетина минути. По нападот мечката избегала.

Според началникот на хируршкото одделение во прилепската болница, д-р Димитар Иваноски, повредениот бил донесен од пријателот во болницата околу 14 часот. Му биле констатирани тешки повреди на лицето, главата, раката.

– Дежурниот лекар првично констатирал повреди на главата, значи имаше дел откинување на скалпот, имал каснатини на лицето, на носот каде дел од носот е откинат. Потоа имал угризни рани од заби на вратот и на градниот кош. Направена му е компјутерска томографија на граден кош, на вратот и на главата, ординирана е соодветна терапија и тетанична профилакса, вообичаена при напад од животно. Констатирано е дека има присуство на слободен воздух во градниот кош. И поради сериозноста на таквиот тип на повреда, пациентот е транспортиран на клиниката за торакална хирургија во Скопје, изјави д-р Иваноски.

Соред концесионерите во Долненскиот регион, досега не е забележан напад на мечка на луѓето. Тие ги гледале во околината, и со мали мечиња, но директен напад немало. Останува нејасно што ја предизвикало нереќата при вчерашната берба на печурки.

Инаку, мечката е заштитено животно со закон.

Би можело да ве интересира

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Предраг Петровиќ

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата