Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Од:

Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје испратил допис до градоначалничката Данела Арсовска, во која посочува дека сите ингеренции и надлежности да назначува и разрешувате директори на претпријатието го има исклучиво таа.

-Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво ВИЕ. Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена-Скопје (во прилог) исклучиво ВИЕ како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, имајќи во вид дека состојбата во претпријатието ИТНО го налага тоа. Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму ВИЕ именувавте пет в.д.директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив, стои во документот на УО, насловен како „Итна ургенција“, а кој беше испратен до медиумите.

Во документот стои и дека при крај се резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д.директор.

-За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д.директор. Доколку во најкус можен рок не назначите в.д.директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ВАША, се наведува во документот.

УО бара од Арсовска итно да назначи нов в.д. директор.

-Од наведените причини Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје бара од вас ИТНО да назначите нов в.д. директор кој ќе раководи со ЈП Комунална хигиена – Скопје, во насока на остварување на примарната дејност на Претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје, се додава во документот на кој се потпишани членовите на УО.

Арсовска вчера на Фејсбук го повика премиерот Христијан Мицкоски да го повика УО на Комунална да именува вршител на должност директор на претпријатието за да може да се овозможи негово непречено функционирање.

-Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во следните пет дена прашајте го премиерот Мицкоски кој лично од својот кабинет го наредува овој хаос кој воедно и го најави како интересна разврска на прес конференција непосредно пред да се случи. Го повикуваме премиерот Мицкоски кој има своја претседателка на Управен одбор од ВМРО, која воедно е и осуден криминалец за две кривични дела во 2006 и 2022 година, да го повика Управниот одбор на Комунална хигиена Скопје согласно член 24а став 2 од Законот за јавни претпријатија да донесе одлука за разрешување на директорот и согласно став 3 од истиот член да именува вршител на должност на претпријатието. Мицкоски го тероризира градот со своето режимско и диктаторско владеење преку својот Управен одбор, злоупотребувајќи ги институциите и полицијата да сее страв и да врши репресија пред избори, напиша Арсовска на Фејсбук.

Досегашниот директор на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје Сабахадин Рустеми поднесе оставка од функцијата поради морални причини. Ова го изјави неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ по распитот во Кривичниот суд, кој на Рустеми и на раководителот на сектор за отпад Аки Саити, им изрече 30-дневен притвор поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

Алиспахиќ појасни дека Рустеми не ја дава оставката зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.

Директорот Рустеми беше поставен на функција од градоначалничката Арсовска на почетокот на годинава.

Основниот кривичен суд Скопје претходно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Приведен е директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните