ВИДЕО: Трамп и Џипинг се договорија за ретките метали, царините за кинеските стоки намалени

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг како неверојатен, пофалувајќи го кинескиот лидер и неговото лидерство. Зборувајќи пред новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, Трамп го нарече состанокот голем успех и „го оцени со 12 од 10“, истакнувајќи дека постигнале договор за голем број важни точки.

Трамп објави дека САД и Кина постигнале неколку клучни договори. Одлуката за намалување на царините за кинески стоки што беа воведени поради протокот на хемикалии потребни за производство на фентанил ќе стапи на сила веднаш. Исто така, беше потврдено дека Кина, како што беше претходно најавено, ќе почне да купува големи количини соја, што Трамп особено го пофали.

Клучното прашање за трговијата со ретки земни метали, кое беше една од главните точки на спор меѓу двете земји, исто така беше решено. „Прашањето со ретките земни метали е решено и е решено за целиот свет… Ова не беше ситуација само во САД“, рече Трамп, додавајќи: „Нема повеќе кинеска блокада“. Деталите за договорот не беа откриени.

„Секоја земја – Јапонија, Јужна Кореја и многу други со кои се сретнавме таму – инвестира огромни суми пари во Соединетите Држави, пари што никогаш порано не сме ги виделе“, рече Трамп, нарекувајќи го тоа историско достигнување.

Запрашан за дополнителните кинески инвестиции, тој рече дека кинеските претставници му честитале за неговите достигнувања. „Никогаш немало земја што имала толку многу пари што доаѓаат за инвестиции, за градежништво, за фабрики за автомобили, за вештачка интелигенција, за сè друго“, рече тој, додавајќи дека не се дискутирало за конкретни нови кинески инвестиции.

Трамп и Си се согласија да работат заедно за решавање на конфликтот во Украина. „Украина – двајцата ќе работиме заедно. Се согласуваме дека страните се заглавени во борба и понекогаш, претпоставувам, мора да ги оставите да се борат. Но, ние ќе работиме заедно за Украина“, рече Трамп.

Најавени беа и нови состаноци на највисоко ниво. Трамп потврди дека ќе ја посети Кина во април следната година, додека се очекува претседателот Си да пристигне во САД подоцна – можеби во Вашингтон или Палм Бич, Флорида.

Трамп потврди дека Тајван, самоуправен остров кој беше споменат како потенцијален камен на сопнување пред состанокот, „никогаш не беше споменат“ во разговорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп нареди тестирање за нуклеарно оружје по 30 години

Катерина Ѓуровски

Сијарто е дециден: Трамп е единствената надеж за мир

Орбан се соочува со голема дилема: Трамп или руска нафта

Трамп: Украинската криза ќе биде решена

Горан Наумовски

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски

Јапонија и САД потпишаа договор за обезбедување резерви за ретки минерали