Укинати американските санкции на Додик и соработниците: Му благодарам на Трамп, голема неправда е исправена

Од:

Претседателот на СНСД, Милорад Додик, денес зборуваше по укинувањето на американските санкции кон него, семејството и повеќе официјални лица на Република Српска.

Додик истакна дека му е благодарен на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за, како што тврди, „исправувањето на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, која, како што наведува, „ја создадоа администрациите на Обама и Бајден“.

„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос создаден од Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, рече Додик.

Тој додаде дека „сè може да им се прости на оние кои се фалеа и веруваа во туѓите лаги овие години, освен годините што ги изгубија затоа што веруваа дека Република Српска ќе падне“.

„Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, истакна Додик.

Министерството за финансии и трезор на САД (OFAC) донесе одлука за укинување на санкциите за бројни лица од Република Српска.

Меѓу нив се најблиските соработници на Додик, како и компании поврзани со него. Министерството за финансии на САД ги отстрани од листата на санкции претседателот Милорад Додик, српската членка на Претседателството Жељка Цвијановиќ, претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и други кои претходно беа предмет на санкции.

Би можело да ве интересира

Иран: Американските маринци ќе платат со своите животи за коцкањето на Трамп

Еџеи: Иран никогаш не ја напушти преговарачката маса, но ние не прифаќаме наметнувања

„Глобал тајмс“: Европа плаќа за политиките на Вашингтон

Пезешкијан: САД наметнуваат нереални барања

Иран: Уништивме 228 објекти или опрема на американската армија, тоа е голема штета

Резеи: Извештајот на Аксиос за предлогот на САД за договор со Иран е список на желби