ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

Од:

Скопјани на 2 ноември ќе го направат вистинскиот избор, ќе изберат човек кој работи за граѓаните, човек со визија и резултати, Орце Ѓорѓиевски. Со неговото водство и стабилното мнозинство во Советот на Град Скопје, ќе се постават новите темели на промени што му се потребни на главниот град, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Поддршката што ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски ја добија од над 91.000 граѓани уште во првиот круг е голема чест, но и голема обврска. Таа доверба е доказ дека граѓаните го препознаваат трудот, резултатите и конкретните проекти реализирани на локално ниво во Кисела Вода, како и поддршката што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 16 месеци ја обезбеди за развој на општините ширум државата.

Мнозинството во Советот на Град Скопје ќе овозможи стабилност, поголема координација и побрза реализација на ветените проекти, изградба на нови мостови, почист воздух, повеќе зелени површини и ефикасен јавен превоз.

Истовремено, резултатите од првиот круг покажаа дека СДС, со освоени околу 26.000 гласови, доживеа сериозен пад и дека граѓаните изгубија довербата во нивното раководство. Наместо да понудат решенија или аргументирана критика, тие продолжуваат по старата, погрешна насока, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела